10:44 - 6 ноември, 2026

СЕ КОЛНЕ ДЕКА ЈЕЛЕНА ГО ПРИЈАВИЛА ПОРАДИ ОДМАЗДА: Душко Тошиќ пред полицијата инсистира на невиност

карлеуша тошиќ

Јелена Карлеуша го пријави сопругот Душко Тошиќ за семејно насилство на Божиќ. Обвинението беше дека поранешниот фудбалер ѝ удрил шлаканица, по која била повикана полицијата.

ЈА ПЛУКНАЛ И Ѝ УДРИЛ ШАМАР: Јелена Карлеуша го пријави сопругот Душко за семејно насилство

Фудбалерот и фудбалски менаџер Душко Тошиќ во разговор со полицијата наводно рекол дека никогаш не бил насилен кон сопругата, пренесува „Информер“.

– Повторуваше дека никогаш не бил насилен, како и дека никогаш во животот не кренал рака на сопругата. Тој рече дека е точно дека се скарале на ручек, но негираше дека имало физичка пресметка – изјави за „Информер“ неименуван извор од полицијата.

Извород додаде дека Тошиќ тврди дека сопругата го пријавила за да му се одмазди бидејќи веќе некое време се во лоши односи.

– Се заколна дека само го повишил тонот на пејачката, а таа од одмазда го пријавила во полиција бидејќи долго време не се во добри односи – истакнува изворот.

Да потсетиме, на Тошиќ му беше изречена забрана за приближување до Јелена, прво 48 часа, а потоа продолжена на 30 дена.

СЕ ОГЛАСИ АДВОКАТОТ НА ДУШКО ТОШИЌ, СОПРУГОТ НА КАРЛЕУША: Еве што изјави покрај забраната за приближување во времетраење од 48 часа

Откако веста за насилството ги преплави медиумите, Јелена Карлеуша сè уште не одговорила во таа прилика, додека во опширна изјава на „Инстаграм“ Душко Тошиќ напиша:

– Почитувани следбеници, пријатели и членови на медиумите. Обично не сакам да се обраќам во оваа прилика бидејќи сметам дека моето име, лик и дело треба да се поврзани исклучиво со спортската приказна и добрите хуманитарни дела. Го следев тоа што го објавуваат најголемиот дел од медиумите и затоа сум принуден вака да се обраќам. Како што гледате секаде сум претставен како насилник и во секој наслов сум полошата страна. Јас сум првиот кој не поддржува насилство и никогаш не сум го употребил. Луѓето кои ме познаваат знаат дека сум човек кој секогаш се труди да биде господин каде и да е и што и да прави. Затоа сакам да знаеш дека и овојпат ќе си останам доследен на себе, ќе чекам ветерот да помине покрај мене.

СЕ ОГЛАСИ ДУШКО ТОШИЌ, СОПРУГОТ НА КАРЛЕУША: Јас сум господин, а не насилник! Ќе ги игнорирам измислиците и ќе чекам ветрот против мене да помине!

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се во брак од 2008 година и имаат две ќерки, а пејачката неодамна во едно интервју истакна дека таа е таа која го одржува бракот.

Слични објави

(Фото+видео) Фризурата на Тамара Калиниќ ги освои жените, еве како да ја направите

Еспресо

(Фото) Познататa босанска актерка се потсети на старите времиња со Горан Баре и Халид Бешлиќ: Уметноста секогаш ги зближува луѓето

Еспресо

Хороскоп за 6 ноември: Ваги, уживајте во времето поминато со семејството

Еспресо

Виктор Живојиновиќ непрепознатлив – oбјави фотографија со Бренa кога имал повеќе од 100 килограми

Еспресо

(Фото) Српската манекенка која имаше 60 отсто изгореници на телото од страшната несреќа, сега го покажа лицето со модринки

Еспресо

(Фото) Убавата Србинка се омажи за милијадер од Блискиот Исток, па ја напушти Сремска Митровица: Аника го маѓепса Египет со проѕирниот фустан со кристали

К. А.
Се вчитува....