11:49 - 6 ноември, 2026

(ФОТО) СОПРУГАТА НА ДИНО МЕРЛИН: Неговата забранета љубов и муза за која од „просјак станал крал“

Пејачот Дино Мерлин ретко ја покажува својата сопруга Амела со која има две деца, но нивната љубовна приказна, односно забранета љубов ги шокира и инспирира луѓето со години.

Песната „Kad si rekla da me voliš“ и ѝ е посветена токму нејзе, која кога ја запознал, му била забранета и недостижна. Всушност, голем број од неговите песни ѝ се посветени токму нејзе.

Родителите на Амела биле против нејзината љубов кон Дино, бидејќи тој бил сиромав, а таа студирала архитектура и била од сè задоволена.

„Се боревме, се криевме, но никој не можеше да нè раздели. После пет години тајно се венчавме. Тоа беше романтична свадба, иако буквално ја киднапирав сопругата. Само кумот и сестрата на Амела, која беше кума, беа со нас. Говорот на матичарот ми се чинеше предолг, постојано гледав во вратата за никој да не наиде и да ни ја расипе среќата“.

Дино еднаш изјави дека никогаш нема да го заборави моментот кога по првата турнеја низ Југославија се вратил дома со празни раце и гладен.

„Жена ми стоеше на вратата и ме чекаше со бебето. Наида можеби имаше половина година, а Амела само што завршуваше на архитектурата. Тивко ме праша „Дали ни донесе нешто? Немам за млеко.” Немав ни еден динар. Ништо не донесов бидејќи ништо не заработив. Имаше големи трошоци. Би дал сè да можев таа вечер да одговорам: „Да, донесов 100 марки”.

(ВИДЕО) ДИНО МЕРЛИН ЗА БОРБАТА СО ДЕПРЕСИЈА: „Не ме интересираше апсолутно ништо, исто ми беше и живот и смрт“

Слични објави

(Фото) Маја Шупут го покажа своето ново милениче: „Ни ги украде срцата“

Еспресо

(Фото+видео) Фризурата на Тамара Калиниќ ги освои жените, еве како да ја направите

Еспресо

(Фото) Познататa босанска актерка се потсети на старите времиња со Горан Баре и Халид Бешлиќ: Уметноста секогаш ги зближува луѓето

Еспресо

Хороскоп за 6 ноември: Ваги, уживајте во времето поминато со семејството

Еспресо

Виктор Живојиновиќ непрепознатлив – oбјави фотографија со Бренa кога имал повеќе од 100 килограми

Еспресо

(Фото) Српската манекенка која имаше 60 отсто изгореници на телото од страшната несреќа, сега го покажа лицето со модринки

Еспресо
Се вчитува....