23:04 - 7 ноември, 2026

СЕ ОГЛАСИ АДВОКАТОТ НА ДУШКО ТОШИЌ, СОПРУГОТ НА КАРЛЕУША: Еве што изјави покрај забраната за приближување во времетраење од 48 часа

Адвокатот на Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша,  изјави дека неговиот клиент не е виновен и дека немало насилство врз Јелена Карлеуша.

– Она што можеме да го кажеме е дека нашиот клиент не е виновен. Немаше насилство, нема елементи на какво било насилство. Сите што го познаваат знаат дека е семеен човек и угледен спортист – изјавил Никола.

На прашањето дали имало шамар, одговорот е:

– Доста кажавме, се е во ред, нема што друго да коментирам. Немаме ингеренции да зборуваме за деталите од постапката. Не навлегуваме во повеќе детали на таа тема“, заклучи адвокатот.

Инаку, семејно насилство во полиција пријавила Јелена Карлеуша, сопругата на поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, на кого му е изречена забрана за приближување во траење од 48 часа.

Да потсетиме, ова не е прв пат Јелена да го пријави Душко во полиција. Имено, пејачката пред две години изјави дека Тошиќ психички ја малтретирал и дека и ја виткал раката, додека Душко сето тоа го негирал и рекол дека се расправале бидејќи имаат несогласувања во бракот. Пејачката подоцна се предомислила и не сакаше да го тужи, известува порталот „блиц“.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....