15.8 C
Скопје
20:25 - 19 октомври, 2026

Се бореше на децата да не им остави ниту цент, а синот не го ни запозна: Холивудскиот продуцент Стив Бинг изврши самоубиство

Познатиот милионер Стив Бинг изврши самоубиство, јавуваат британските медиуми.

Славниот продуцент, кој зад себе има бројни успеси и соработки со големи имиња од светот на филмот, како Мартин Скорсезе, изврши самоубиство, фрлајќи се од 27-от кат од една зграда.

Како што пишуваат британските медиуми, тој имал и повеќе од бурен приватен живот, поради кој не ретко беше во таблидите. Најпознат е по тоа што со актерката Елизабет Харли го доби синот Демијан, кој одби да го признае. Сепак, ДНК анализата покажа дека тој е татко на момчето и дека Стив има обврска да му исплаќа алиментација. Демијан денес гради кариера како модел.

profimedia

Харли никогаш не сакаше да зборува за Бинг во јавноста, но познато е дека пред две години заедно со синот го тужеше бидејќи смета дека дел од неговото наследство му припаѓа на Демијан, кој во моментов гради кариера како модел.

Инаку во 2011 година, Бинг го тужеше и милијардерот Кирк Керкоријан за утврдување на татковство. Имено, неговата сопруга Лиса Бондер, поранешната тенисерка, донела на свет девојче, за кое Кирк верувал дека не е негова ќерка, туку на Стив Бинг. Како што пишуваа медиумите, Керкоријан дури најмил и детектив кој од сметот на Бинг извадил конец за заби со цел да се изработи неопходната ДНК анализа и потврдил дека девојчето всушност е негово дете.

Таткото на Бинг, Питер пред две години даде се од себе, нивното наследство од дури 600 милиони долари да не заврши во рацете на вонбрачните деца на Бинг. Според пишувањето на Дејли мејл, пронајдени се документи во кои се наведува дека богатството на Бинг не можат да го наследат децата кои не се родени во брак и не живееле на иста адреса со него. Медиумите додаваат дека, судејќи според се, Стив Бинг никогаш не го ни запознал синот кој го добил со Елизабет Харли.

 

Слични објави

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо
Се вчитува....