-1.2 C
Скопје
05:59 - 11 март, 2026

Првпат отворено: Деми Мур за дрогирањето, љубовта и разводите

Познатата холивудска актерка Деми Мур има многу бурен и интересен живот, таа поминала по трнливиот пат до „ѕвезда“. Стана позната уште од 17 годишна возраст, а зад себе има три брака.

Ова е нејзината приказна…

Деми Мур (56) одлучи искрено да проговори за својот турбулентен живот во книгата „Inside out“.

Според зборовите на уредникот на магазинот Харпер, книгата ќе биде таа која ќе ги изненади и ќе ги поттикне читателите да ја читаат.

Книгата ќе излезе во септември, а во неа Деми, како што наведуваат изворите, ќе ја опише борбата со зависноста и траумите од детството.

Пораснала со својот татко поради кој многу често се селеле низ Америка, пред да изврши самоубиство кога Деми била многу мала.

Нејзината мајка имала досие во полициската станица затоа што често ја апселе поради возење во алкохолизирана состојба и за предизвикување на пожари.

Сето тоа, покрај здравствените проблеми кои ги имала младата Деми, влијаело на нејзиното бурно минато. Го напуштила средното училиште, се дрогирала и се омажила многу млада. Сето ова ќе се најде во нејзината книга која ја подготвува.

Во неа ќе станува збор и за нејзините три брака. На само 17 години го запознала музичарот Фреди Мур, со кој напишала три песни и за кој се омажила во 1980-та година. Во брак биле пет години.

Две години подоцна, се омажила за Брус Вилис, со кој поминала тринаесет години во заедница. Со него има три деца- Румер (30), Скаут (27) и Талула (25).

Пет години подоцна, поточно во 2005-та година се омажила за актерот Ештон Качер од кој се развела седум години подоцна.

– „Inside out“ пред се е женска приказна, тоа е приказна за една жена која случајно станува една од најпознатите актерки на сите времиња… Мислам дека читателите ќе бидат многу изненадени со оваа книга“ – изјави Џенифер Барт, извршен уредник на „Harper“.

Таа додала дека тоа е приказна за опстанок, успех, предавство, но и борба.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо
Се вчитува....