19:35 - 8 ноември, 2026

Првиот сопруг го скрши на ситни пачиња: Руската Пепелашка се мажи за познат милијардер (ФОТО)

Наталија пораснала во едно руско село со самохрана мајка и аутистична сестра, а во младоста работела на пазар.

Руската манекенка Наталија Водијанова (37), која поради својата животна приказна е наречена и Пепелашка, се мажи за Антоан Арно, чиј татко Бернард е сопственик на една од светски најпрофитабилните компании LVMH Moet Hennessy.

Се проценува дека неговото богатство изнесува неверојатни 84 милијарди фунти, што го прави трет најбогат човек на светот после Џеф Безос и Бил Гејтс.

Profimedia

Наталија пораснала во едно руско село со самохрана мајка и аутистична сестра, а во младоста работела на пазар. Токму тука ја забележал модниот агент, а на 17 години се иселила во Париз. Во 2001 година го запознала својот прв сопруг, синот на англискиот лорд Џастин Портман, а истата година се омажила за него, во осмиот месец од бременоста.

Меѓутоа таа љубовна приказна не завршила убаво, а Портман изјавувал дека Русинката се срами од него, дека воопшто не ѝ недостасува откако не се заедно и дека не ѝ паѓа на памет пак да бидат семејство и дека поради неа морал на рехабилитација по разводот.

Со Антоан Арно започнала врска и со него добила уште две деца.

Profimedia

Слични објави

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо
Се вчитува....