16.8 C
Скопје
05:07 - 20 јуни, 2026

Познатите личности и нивните ритуали за пред спиење!

Сите ние имаме одредени навики и ритуали кон кои се придржуваме скоро секоја вечер. Ритуалите на познатите личности не се разликуваат многу од нашите, но некои познати личности и тоа како знаат да изненадат. Всушност, повеќето луѓе секоја вечер пред заминување во кревет сакаат да направат неколку мали ритуали како што се миење на заби, чешлање коса, спремање на гардероба за наредниот ден, преглед на друштвените мрежи, и тоа ги смирува пред спиење. Иако се мета на фотографите 24/7, славните личности се однесуваат како обични луѓе кога станува збор за спиењето. Но, ги има и оние со помалку необични навики и ритуали.

Опра Винфри

Нема сомнение дека Опра Винфри е една од најуспешните жени во светот, а за нејзиниот успех и тоа како се важни квалитетниот сон и одмор. Опра во едно интервју открила дека има секојдневен ритуал – пред спиење секогаш си дозволува топла купка. Таа го обожава мирисот на купката, па во својата „бјути“ колекција има различни миризливи соли, топчиња и масла. Тоа ја смирува и ѝ помага да полесно да заспие навечер.

Ким Кардашијан и Каније Вест

View this post on Instagram

Flashback

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Ги сакале или не, Ким и Каније знаат колку е важен сонот. Овој ријалити пар води постојано сметка за тоа на што спие, па според странските медиуми, потрошиле скоро милион долари на креветите и душеците кога се преселиле во новиот дом. Ким обожава квалитетна постелнина, која пред спиење мора да биде миризлива, испеглана и затегната. Во состојба е за време на неделата и неколку пати да ја промени постелнината на која спие.

Мараја Кери

За нејзиниот глас да биде беспрекорен, Мараја, верувале или не, инсистира на тоа да спие 15 часа. Освен тоа, таа изјавила дека сака „кревет со пареа“, па нејзиниот кревет е опкружен со скоро 20 навлажнувачи на воздухот. Пејачката тврди дека не постои полесен начин за да потоне во сон.

Том Круз

Актерот има големи проблеми со хрчењето, па во својата куќа има „соба за хрчење“ со ѕвучна изолација на ѕидовите. Сето ова актерот го направил за да успее да се исконтролира, или барем малку да го намали гласното ноќно „дишење“. Оваа специјална соба Том ја уредил додека се уште бил во бракот се Кејти Холмс, за да можат и двајцата подобро да спијат.

Слични објави

„Кариерата ѝ назадуваше, тоа ѝ влијаеше на психата“ – другарот на Мина Костиќ откри што се случува со пејачката

E.A.

(Фото) Дани на две романтични патувања со сопругот — од дождливата Прага на море

Еспресо

(Фото) Српската џетсетерка на исто место со кралот Чарлс и кралицата Камила: На себе носи ѓердан од 12.000 евра

Еспресо

(Видео) „Михаела“, нова балада на Влатко и Златко Миладиновски, инспирирана од вистинска приказна

msp-admin

Маја Шупут откри дали новата песна е посветена на Шиме

Еспресо

Откриено колку пари се вложени во Јаков Јозиновиќ: Пејачот зема убава сума, а менаџерите „дебело“ заработуваат

Еспресо
Се вчитува....