00:42 - 9 ноември, 2026

(Видео) По повеќе од десет години „Убава“ доби спот — Марија и Бојан од „Ај Кју“ снимаа на својата свадба во Грција

Повеќе од десет години по нејзиното објавување, песната „Убава“ на музичкото дуо „Ај Кју“ конечно доби официјален видеозапис.

Станува збор за песната со која Марија и Бојан победија на Скопскиот фестивал во 2015 година, а која со текот на времето стана една од нивните најпрепознатливи љубовни балади.

Иако досега немаше спот, „Убава“ си го најде патот до публиката и стана чест избор за првиот свадбен танц на многу младенци.

Фото: Инстаграм/„Ај кјут“

Инспирирани токму од таа симболика, Марија и Бојан одлучија видеозаписот да го создадат од најемотивните моменти од нивната свадба, која неодамна се одржа на плажа во Грција, во хотелот „Ал Маре“.

За видеозаписот е заслужен Марио Блажевски од „Студио Белмондо“, кој низ автентични кадри ја пренесе љубовната приказна што стои зад песната и ѝ подари визуелно издание по повеќе од една деценија од нејзиното создавање.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....