12.8 C
Скопје
10:17 - 7 октомври, 2026

(Фото) „Се мажам следниот петок“: Ава Карабатиќ го пријави свршеникот за насилство, му прости сè, па ја закажа свадбата

Хрватската старлета Ава Карабатиќ неодамна го обвини својот свршеник за насилство, а сега ја шокираше јавноста и сподели нивна заедничка фотографија. Таа откри дека закажале венчавка за 10 дена.

Ава сподели фотографија од Лазар како ја бакнува во образ, а во описот напиша дека закажале граѓанска венчавка.

– Се мажам следниот петок. Лазар ги нарача прстените. Ги молам салоните за венчаници да ме контактираат во директна порака. Венчавката ќе биде кај матичарот, така одлучивме. Не правиме голема прослава, туку наш приватен момент со нашите најблиски роднини. Ви благодарам што ме следите и ми испраќате поддршка – напишала Ава

– Денеска го пуштија на слобода, каде е тука правдата? Цел ден сум на таблети, се плашам за својот живот, чувствувам дека нешто лошо ќе се случи. Принудена сум ова да го објавам за сите болни луѓе кои пишуваат дека ова е лага поради медиумско внимание. Знам дека ова не е добра одлука да се објави јавно, но нека се знае. Во моментот сум во итна помош и не ги чувствувам ребрата. Со оглед на тоа што го објавив ова јавно, а немам никаква лична заштита, искрено се плашам за мојот живот. Ако нешто ми се случи, знаете што се случило. Но, нека победи правдата, дури и ако тоа значи смрт. Ве сакам – напишала таа тогаш на социјалните мрежи.

– Вистина е дека бев претепана. Но, животот е една голема борба. Се случи она што требаше да се случи. Цел ден го поминав во Ургентниот центар. Би сакала да им се заблагодарам на моите пријателки од салонот, особено на газдарицата, која повика брза помош. Лицето ми е отечено од едната страна, но животот продолжува – изјавила таа за медиумите низ солзи.

 

 

Слични објави

Прекината традицијата во чест на Тоше, неговиот најдобар другар разочаран: „Жал ми е…“

К.С.

Пекмез од сливи без шеќер — едноставен рецепт од само една состојка

К.С.

Хороскоп за 7 октомври: Девици, луѓето околу вас ќе уживаат во вашето присуство

Еспресо

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Еспресо
Се вчитува....