24.7 C
Скопје
20:35 - 15 јули, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Што е сколиоза, како да ја препознаете кај детето и како се третира?

Сколиозата претставува комплексен тродимензионален ‘рбетен деформитет, каде што одреден сегмент на ’рбетот е искривен на страна, со присутна ротација на пршлените околу нивната вертикална оска.

Првите знаци што родителите вообичаено ги забележуваат се нееднаква висина на рамената, нееднаква линија на половината, потоа, присуство на грпка при наведнување напред или впечаток како едниот колк да е настрана од другиот.

Фото: Промо

Кога се јавува сколиозата?

Најрано може да се видат по самото раѓање, а може да се јави дури до длабока старост. Секоја од овие групи си имаат свои карактеристики, своја еволуција и свој посебен начин на третирање. Меѓутоа, приоритетот кај сите од нив е раното откривање, затоа што раното откривање ни овозможува рано да започнеме со третман, а со тоа и да превенираме катастрофални последици од нивниот развој.

Многу од родителите што доаѓаат на преглед со дечиња кај кои е дијагностицирана сколиоза, кажуваат дека спортувале цело време, биле активни, меѓутоа сколиозата се појавила.

Спортувањето не е гаранција дека деформитетот нема да се развие. Во основа, ’рбетните деформитети се генетски предодредени и генетиката кажува кога ќе се јави деформитетот, колку брзо прогредира и кога ќе заврши. Така што, посетувањето на спортски активности не е замена за редовни контроли или внимание од родителите во однос на секоја симетрија што ќе ја забележат.

Фото: Промо

Кои современи третмани на сколиоза се нудат во денешницата?

Современиот третман на сколиозата подразбира индивидуализиран пристап, кој зависи од возраста на пациентот, типот на деформитетот и од потенцијалот за раст.

Овие се тие фактори што ни детерминираат како ќе го третираме пациентот, затоа што во основа третманот оди по фази. Така, како што се јавува и прогредира деформитетот и детето расте, така го калибрираме соодветно и третманот.

Третманот започнува со специјализиран концепт на корективни вежби во однос на физикалната рехабилитација, потоа современиот концепт на изработка на специјализирани корсети за сколиоза што се прават со 3Д скенирање на телото на детето, додека за најнапредната група деформитети е предвиден соодветен хируршки метод, и таму се користат други соодветни хируршки третмани.

Стручниот тим на Клиниката „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете термин или информирајте се на тел.  02 309 1484

Д-р Нерон Поповски
Ортопедски спинален хирург

Комерцијален текст

Слични објави

(Фото+видео) Чипка и прорез што ги нагласи нејзините долги нозе – Џејла Рамовиќ се појави во фустан во боја на вино

Еспресо

„Најтешкото снимање ми беше на филмот Исправи се, Делфина“: Сеќавање на Неда Арнериќ, глумицата што ја овековечи легендарната Атина Бојаџи

Т.Ц.

(Фото) Редок семеен момент — Маријана и Росана го прославија 89. роденден на нивниот татко

Еспресо

(Видео) „Те сакам најмногу“: Голема прослава во домот на Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ

Еспресо

(Фото) Убавината е во деталите – Освежете си ја кујната со уникатните даски за сецкање и сервирање на Wood Room

Еспресо

„Спиењето под милион ѕвезди не може да го замени ниеден хотел“: Маја Кикириткова откри на каков одмор најмногу ужива

Еспресо
Се вчитува....