23:13 - 16 јули, 2026

Овие хороскопски знаци најмногу ги „манијачат“ бившите на социјалните мрежи

Теоретски, врската заврши, чувства веќе нема, секој си го живее својот живот, но…

Од другата страна, постојано ги интересира до каде е бившиот партнер со животот? Што прави? Каде излегува? А дали се променил/а? Колку се променил/а?

Во модерното време, сите тие одговори се достапни на социјалните мрежи, а најголеми „прогонувачи“ се овие 4 хороскопски знаци:

БИК

Кога сакаат, спремни се да го подарат своето срце на дланка. Тие сериозно ја сфаќаат врската и сонуваат дека тој однос ќе биде многу повеќе од обично гледање. Но, ако не излезе како што замислувале и врската прекине, тие тешко се помируваат со тоа. Затоа и постојано ќе следат на социјалните мрежи, поставувајќи си го прашањето зошто веќе не се заедно?

РАК

Ракот е многу чувствителен и лесно е да го повредите. Затоа, не се отвора лесно, особено ако некогаш во минатото му било скршено срцето. Тој се плаши дека ако се повтори такво нешто, нема да може да закрепне. Не му помага ни следењето на бившите на социјалните мрежи, но упорно сака да биде во тек.

ДЕВИЦА

Девиците со сè се помируваат лесно и мирно и тоа е маската која ја користат пред сите други, освен пред себе. Но, после раскинување на врска тие страдаат, ја бараат вината во себе и мислат дека не биле доволно добри за да ја задржат саканата личност. Го гледаат профилот на бившиот партнер обидувајќи се да најдат дел од сложувалката која ќе им даде некакво објаснување за ситуацијата.

СКОРПИЈА

Скорпијата има репутација на страствен хороскопски знак кој умее да држи здрава дистанца. Но, овие луѓе всушност се многу емотивни и лесно е да ги повредите дури и со навидум наивни постапки. Кога се оставени, покрај скршеното срце, тие ја лечат и уништената гордост, а нивната болка потоа преминува во љубомора. Ги проверуваат профилите на бившите партнери и по неколкупати дневно.

Слични објави

За кого навиваше водителката Сања Савеска на Светското првенство?

Еспресо

(Фото) Трифун Костовски слави во Ровињ со саканата: „Еден преубав незаборавен ден“

Еспресо

Почина Горан Булатовиќ Манза, еден од основачите на „Партибрејкерс“

Еспресо

(Фото) Прва фотограграфија од синот на Анастасија и Немања Гудељ: Откриено е и името на бебето

Еспресо

Секоја бројка – личен триумф: Професорката Татјана Алексиќ објави „летен предизвик“ и покажа како изгледала на 18 години

Еспресо

(Фото) Принова во семејството на Сузана Гавазова — нејзиниот сопруг Јасмин стана дедо!

Еспресо
Се вчитува....