04:03 - 8 ноември, 2026

Откриена вистината за новото 21-годишно момче на Дара Бубамара: Шетаат со парите на татко му! (ФОТО)

Пред неколку дена, пејачката Дара Бубамара замина на одмор во Занзибар, со своето 21-годишно момче Тони, и како што е напишано во српските медиуми, сето тоа всушност го финансира неговиот татко, бизнисмен од Италија.

Подароците и желбите ги исполнува и финансира партнерот на Дара кој „плива“ во пари, поточно неговиот татко, кој работи со ресторани низ цела Италија и важи за богат господин, пишува „Курир.рс“.

View this post on Instagram

?❤️?

A post shared by Dara Bubamara (@darabubamara_official) on

Близок пријател на Тони откри и што прави тоj.

Како што тврди, Тони не е премногу успешен во бизнисот, а неговата среќа е што неговиот татко е угледен бизнисмен кој заработува милиони. Точно е дека неговиот син му помага колку што може, но тој, наводно, не е ни приближно талентиран како неговиот татко и нема чувство за работа. Сепак, на неговиот татко воопшто не му пречи и е горд на својот наследник кој работи напорно, не е мрзелив и сака да заработи, па затоа му дозволува да троши пари каде и како сака, без ограничувања.

Како што понатаму се наведува, Дара и Тони во моментов престојуваат во еден од најлуксузните хотели, а бидејќи имаат посебен стан и директен излез кон базенот и плажата, за седум дена Тони платил околу четири илјади евра.

Неговиот пријател, исто така, за споменатиот медиум тврди дека Тони ја започнал својата деловна активност, односно дека влегол во бизнисот со крипто-валути (дигитална или виртуелна валута дизајнирана да функционира како средство за размена) и дека досега добро се снаоѓа.

Да потсетиме, младиот бизнисмен ја однесе Дара Бубамара на Малдиви минатиот месец, а за тој одмор плати повеќе од шест илјади евра за само неколку дена.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....