10.8 C
Скопје
19:57 - 19 април, 2024

Не само Кортни Кардашијан и Тревис Баркер: ОВА СЕ ЅВЕЗДИТЕ кои се венчаа во градот на гревот

Од Софи Тарнер до Брус Вилис, од Анџелина Џоли до Николас Кејџ, од Мелани Грифит до Памела Андерсон: многу познати личности избраа да кажат „да“ на своите партнери во „градот на гревот“, но браковите речиси секогаш завршувале лошо.

Последни од низата славни кои се венчаа во Лас Вегас беа Кортни Кардашијан и Тревис Баркер. Во 1 и пол часот наутро во понеделникот на 4 март, двајцата, веднаш по доделувањето на Греми наградите, рекоа „да“, изненадувачки, во капела во „градот на гревот“, а на церемонијата им се придружи имитатор на Елвис Присли.

Сензационален е случајот со Николас Кејџ е пример дека ваквите брзи венчавки не завршуваат баш најдобро. Денес ѕвездата вели дека е среќен со својата петта сопруга Рико Шибата. Но, во 2019 година тој беше протагонист на флеш венчавка со шминкерката Ерика Коике, со која се „зема“ во Лас Вегас, а бракот им траеше само четири дена. Актерот побарал развод бидејќи и тој и новата сопруга, како што стои во документите поднесени од адвокатите на Кејџ, „и двајцата пиеле до степен на интоксикација. Кога Коике му предложила на Кејџ да се ожени, а тој реагирал импулсивно,  без способност да ги разбере своите псотапки“. Накратко: актерот бил премногу пијан за да разбере што прави. А кога се отрезнил, истрчал да се разведе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Но ова не е единствена приказна. Бритни Спирс, на пример, се омажи за пријател од детството Џејсон Александар во 2004 година, но бракот беше откажан по само 55 часа, бидејќи – според изјавата – „таа не можеше да ги разбере своите постапки“. Дури и поранешниот љубовник Денис Родман „не беше многу при себе“ кога и кажа „да“ на Кармен Електра: брак што траеше шест месеци.

Уште почуден, во 2007 година, е бракот на Памела Андерсон со Рик Соломон: траеше само 60 дена. Шинејд О’Конор и Бери Хериџ поминаа уште полошо. Ирската пејачка и терапевтот (кој го запозна преку оглас)  се збогуваа во 2011 година, по само осумнаесет дена брак. Фотографиите од нивната венчавка во Лас Вегас, розовиот фустан на невестата и кадилакот во иста боја го обиколија светот, а многу набргу се појави веста за разводот.

Анџелина Џоли и Били Боб Торнтон се венчаа на 5 мај 2000 година, а се разведоа три години подоцна.

Синди Крафорд и Ричард Гир, исто така, се венчаа во мала капела во Лас Вегас: тоа беше во 1991 година, а двајцата се збогуваа четири години подоцна.

За Мелани Грифит и Дон Џонсон една венчавка не беше доволна. Пак се венчаа во Лас Вегас. Познатата холивудска двојка, откако нивниот брак склучен во Лас Вегас траеше од 75-та до 76-та година, повторно кажа „да“ во 1989 година (и пак се разведоа во 1996 година, по раѓањето на ќерката Дакота Џонсон).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Сепак, други ѕвездени парови поминаа подобро. Брус Вилис и Деми Мур, разменија завети во познатиот хотел-казино Golden Nugget на 21 ноември 1987 година: бракот, во кој се родија три ќерки, траеше 13 години, но сепак до денес тие се во одлични односи.

Џо Џонас и Софи Тарнер, кажаа „да“ во Лас Вегас со „луда“ церемонија во мај 2019 година, но и денес се среќни родители на двегодишно девојче, и сè уште им оди добро. Исклучоци кои не го потврдуваат „правилото“.

Слични објави

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Познатата Касандра пристигнува во Србија и ќе игра со Биковиќ во „Јужен ветар 3“: Улогата е посебна приказна, ова се деталите

Еспресо
Се вчитува....