10:08 - 13 ноември, 2026

Наследничката на Мајкл Џексон тргнува по негови стапки: Парис работи на својата музичка кариера

Profimedia

Ќерката на кралот на попот Мајкл Џексон, Парис Џексон, е решена да поработи на нејзината музичка кариера, па затоа беше фотографирана во друштво на пријатели во Лос Анџелес, за време на паузата од снимање нови песни.

Парис е родена во 1998 година и оттогаш е во центарот на вниманието на светот поради славата на нејзиниот татко. Кога почина, таа имаше само 11 години, а нејзината мајка Деби Роу ја запозна кога имаше само 13 години, а таа тврди дека денес имаат квалитетна врска.

Profimedia
Profimedia

Парис со своите професионални ангажмани можеше да се види само во неколку филмски настапи и во кампањата на Келвин Клајн, но се чини дека Парис дефинитивно одлучи да го посвети својот живот на професија во која нејзиниот татко беше неприкосновен.

Profimedia
Profimedia

Парис беше видена со цигара во уста, во лежерна комбинација, зелен џемпер што и го откриваше стомакот, фармерки, бордо чизми и со силна шминка на лицето.

Profimedia

Нејзините средства се проценуваат на повеќе од 100 милиони долари, а кога ќе наполни 30 години, таа ќе наследи третина од богатството на Џексон, а како што старее, ќе добива се повеќе пари.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....