-2.2 C
Скопје
23:12 - 17 декември, 2025

На продажба вилата во која живееле Шер и Еди Марфи (ФОТО)

Овој неверојатен имот кој се простира на 14 хектари, чиј сопственик беше актерот Еди Марфи, повторно е на пазарот со цена од 48 милиони долари.

Пред две години, овој имот за кој многу се зборуваше, а кој се наоѓа во близина на познатиот кањон во Лос Анџелес, Бенедикт, на неколку минути од Родео Драјв и Беверли Хилс хотелот, бил достапен за продажба по цена од 85 милиони долари.

Минатото лето, цената паднала на 68 милиони, а оваа недела се појави ново „намалување“ и сега чини 48 милиони долари.

Во 70-те години, поп-ѕвездата Шер го поседувала овој имот, кој зафаќал само четири хектари. Таа во вилата живеела околу десет години, пред да му ја продаде на Еди Марфи, во 1988-ма година, по цена од 5.9 милиони долари.

Комичарот потоа го продал имотот во 1995-та година, по цена од само 4 милиони долари. Кратко потоа, имотот повторно го променил сопственикот и во 1996-та година бил купен по цена од 6.4 милиони долари, од страна на градежниот могул Раул Ватерс.

Прекрасен имот исполнет со зеленило

Тој потоа ги купил и околните четири парцели, зголемувајќи ја површината на неговиот имот до неговата сегашна големина од околу 14 хектари. Исто така, Валтерс ја проширил и главната вила со шест спални соби, па таа сега мери повеќе од 2.000 метри квадратни, а додадена е и голема гостинска куќа, со базен, спуштен тениски терен и станбен простор за вработените.

Кога Волтерс починал во 2009-та година, неговата сопруга продолжила да живее на овој имот сè до 2015-та година, кога си купила врвен пентхаус во овој град, каде соседи и биле Метју Пери, Пол Абдул и Кенди Спелинг. Оттогаш, славниот имот е празен.

Сепак, многу агенти за недвижнини кои повеќе од се сакаат да го продадат имотот, тврдат дека тој е навистина посебен. Вкупно, имотот нуди 11 спални соби, 17 купатила и 3.200 квадрати станбен простор.

За да влезете внатре, прво морате да пројдете преку капијата окована со бршлен, а на својот пат кон главната вила ќе се сретнете со гостинската куќа во марокански стил со околу 700 квадрати простор. Вики Волтерс судејќи според се, започнала со голем процес на реновирање на ентериерот на главната вила, но не го завршила, така што новите сопственици ќе мораат да додадат нова кујна и бањи пред вселувањето.

Слични објави

„Мојта прва сопруга е преубава, а никој не пишува за неа“: Ова е поранешната сопруга на Данило Икодиновиќ 

E.A.

„Срцето ми беше полно што е тука“: Саша Ковачевиќ ја поканил поранешната девојка на концерт иако не ја видел одамна

E.A.

(Фото) Ова е единствената фотографија од првата жена на Раде Шербеџија: Во песна признал дека е виновен за крахот на бракот со Иванка

E.A.

Нада Топчагиќ искрено проговори за изгледот на колешката Вера Матовиќ: „Направила убави операции, но не може да ги скрие годините“

apostolova

Сексуално ги вознемирувал колешките под дејство на дрога: Хрватски режисер трајно исфрлен од Друштвото на хрватски филмски режисери

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ ја покажа својата ќерка: По концертот на Саша Ковачевиќ, директно кај својата миленичка

Еспресо
Се вчитува....