21:16 - 9 ноември, 2026

Можете ли да погодите со што би се занимавал Роналдо да не е фудбалер?

Кристијано Роналдо минатата сезона од Реал Мадрид се пресели во Јувентус и во Италија веднаш се наметна како најдобар играч во клубот.

Во интервјуто за Soccer.com го прашале кој му е најважен гол во кариерата.

„Тешко е да се издвои само еден. Секогаш ќе одговорам на полесниот начин – ќе го издвојам последниот. Знам дека не беше најубав, ама секогаш последниот гол што ќе го постигнеш е најважен“, одговорил Роналдо.

Го прашале, ако може да го врати времето, со кој од големите фудбалери би сакал да игра, а тој одговорил:

„Има многу играчи со кои би сакал да играм. Но би сакал да можев да играм со Еузебио.“

Да не е фудбалер, со што би се занимавал?

„Би бил глумец или модел. Не знам. Би се обидел, ама можеби глумец. Не знам дали имам талент за тоа, ама ако доволно се посветиш и работиш на нешто, ќе успееш.

На крајот открил кој му е омилен филм.
„Имам многу омилени филмови, повеќе сакам документарци. „Кога јагнињата ќе стивнат“, тоа ми е омилен филм. Тоа е постар филм, сакам драми, тоа ми се допаѓа“, открива Роналдо.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....