19.8 C
Скопје
00:27 - 9 септември, 2026

Мирослав Илиќ за борбата со алкохолизмот: Кршев сѐ во кафана, а на жената ѝ ја запалив цела гардероба

Српскиот пејач Мирослав Илиќ откри со какви пороци се борел во минатото.

Иконата на народната музика имал проблем со алкохолизмот, а иако не бил љубител на жестоки пијалоци, секогаш пиел за друштвото и за да се докажува. Но, потоа решил засекогаш да му каже „не“ на овој прокот.

„Пиев до 1989 година. Се случи и да скршам чаша. Бев многу валкан играч кога пиев. Тоа не беше пријатно ниту за мене, ниту за мојата околина. Кршев сѐ во кафеаната, ги навредував луѓето околу мене. Кога ќе се напијам, не знам што правам. Мислам дека пиев повеќе за да се докажам и да се дружам, а секако не ми се допаѓаше да пијам штом толку лошо влијаеше на мене. Не можев да пијам, а пиев многу“, изјави пејачот во една прилика за медиумите.

Како што еднаш кажа, Илиќ се заколнал пред икона дека никогаш повеќе нема да земе ни капка алохол.

„Пресеков како со ножици! Едно утро станав, се прекрстив пред иконата на св. Ѓорѓи, тоа е мојата крштеничка слава и реков: Будало, нема да го повториш тоа!“, се присети тој.

Илиќ откри дека еднаш во алкохолизирана состојба ја запалил целата гардероба на сопругата.

„Вистина е. Замислете ја таа будала која ја запалила целата женска гардероба. Не се гордеам со тоа, но не се одрекувам од ништо што сум направил, дури и ако е лошо“, рече тој.

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....