01:47 - 11 ноември, 2026

Меган се уште не добила британско државјанство: „Многу се бавни…“

Војвотката од Сасекс Меган Маркл (38) се уште чека британско државјанство иако се пријавила пред две години. Барањето го предала недолго откако се верила за принцот Хари, а Кенсингтонската палата во тоа време и порачала на Меган дека ќе ја третираат како сите други, пишува Дејли Мејл.

– Меган се уште не е британска државјанка. Можеби тоа е необично бидејќи веќе 18 месеци е во брак со кралскиот внук, но го прифатила фактот дека процесот за добивање на државјанството едноставно е бавен – изјави пријателот на Меган.

Profimedia

Постојат неколку начини на кои може да се поднесе барање за државјанство, а Меган се пријавува како сопруга на британски државјанин. Доколку некој дојде во земјата како вереник на британски државјанин, мора да се венча во рок од шест месеци, што војвотката и го направи.

Чекањето на државјанство за Меган значи дека нема да може да гласа на било какви избори во Англија. На членовите на кралското семејство им е дозволено да гласаат иако тие традиционално не излегуваат на избори. Меѓутоа, досега веќе се покажа како војвотката е подготвена да им пркоси на кралските конвенции. Портпаролот не сакаше да ја открие информацијата дали Меркл ќе гласа на претседателските избори во САД.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....