21.8 C
Скопје
09:59 - 8 септември, 2026

„Ме изненади реакцијата на Зорица Брунцлик“ – Цеца шокирана: „Во сè можете да ми се мешате, но не и во кумството“

Цеца Ражнатовиќ ги изненади сите кога отворено го коментираше музичкото натпреварување „Пинкови ѕвезди“, при што се осврна и на честите тензии меѓу нејзината кума Вики Миљковиќ и Зорица Брунцлик.

Пејачката откри и интересен детаљ од минатото – истата вечер кога таа започнала врска со својот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ – Аркан, нејзината пријателка Вики Миљковиќ се зближила со Драган Ташковиќ – Ташке.

Зборувајќи за своето жири-искуство во „Ѕвездите на Гранд“ и ангажманот на Вики во „Пинкови ѕвезди“, Цеца истакна дека токму тоа натпреварување ѝ е омилено и дека меѓу нив нема никакво ривалство.

– Јас ги обожавам „Пинкови ѕвезди“ и немам ништо против нив. Тоа се бесмислици, па јас прва бев дел од тоа шоу. Освен тоа, јас навивав мојата кума да дојде тука, како и Десингерица. И морам повторно да кажам – во сè можете да ми се мешате, но во кумството не. Тоа никој не смее да го допре. Нашето кумство е големо пријателство и голема љубов. Истата вечер ги најдовме сродните души. Вики започна врска со Ташке истата вечер кога јас почнав со мојот покоен сопруг Жељко. Само што јас тогаш ја криев врската, а таа не – изјави Цеца со смеа.

Таа потоа се осврна и на честите конфликти меѓу Вики Миљковиќ и Зорица Брунцлик во рамки на натпреварувањето.

– Ние негуваме пријателство, речиси семејно. Таа секогаш ме почитувала, на секоја прослава. Ме врзуваат убави спомени со Кемиш и со Зорица, тој ми работеше два исклучително успешни албуми. Реакцијата на Зорица ме изненади. Сакам да кажам дека таа е вистинска дама и јас многу ја сакам, но Вики е исклучително толерантна и знае да молчи. Искрено, таа умее да премолчи, а јас не сум таква – јас знам да одговорам, додека таа не сака расправии – изјави Цеца во емисијата „Премија – викенд специјал“.

Слични објави

Тага и солзи: Росана со лична приказна за Маријана

Еспресо

Дневен хороскоп за 8 септември: Не избрзувајте во донесување на одлуките

apostolova

Ана Бекута по 12 години го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој би можел да ја замени

Еспресо

(Фото) Се омажи пејачката Ева Нединковска: Мајка ѝ сподели детали од свадбата

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Српскиот рапер Цоби се ожени во тајност со 17 години помлада пејачка

Еспресо
Се вчитува....