13.8 C
Скопје
20:20 - 18 октомври, 2026

Кармата ќе ве стигне: Лут се огласи шеф Никола, и Јордан Митев е во приказната

Искрена исповед за оние што му згрешиле објави Никола Мишковски, готвачот од популарното шоу од „Брза кујна“.
-Многумина влегоа во мојата кујна како почетници, некои и како ништо. Излегоа со занает, знаење и самодоверба. Тоа е факт! Денес, истите тие луѓе имаат образ да заборават каде биле и да зборуваат лошо за човекот од кого учеле. Тоа не е успех – тоа е неблагодарност.
Не сум јас тој што треба да се оправдува. Јас знам што сум дал и до каде сум ве донел. Кој има карактер, ќе го признае тоа. Кој нема, ќе плука по минатото. Запомнете едно: може да ме надминете, но не можете да избришете дека од мене сте почнале и јас ви го променив животот.
Кујната не простува заборав, ниту животот. Кој памети од каде тргнал, оди напред. Кој плука по својот почеток, сам си го затвора патот и ќе остане сам! Кармата е незгодна,кога тогаш ќе ве стигне- напиша шеф Никола.
Фото / Фејсбук
Во оваа приказна се презпозна фолк-пејачот Јордан Митев. Тој ја сподели објавата на шеф Никола и на неговиот фејсбук профил напиша.
-Во одредени муабети и приказни едноставно човек ќе се пронајде….Проклетство на славејот е што и покрај убавата песна и убавина на гранката стои сам, за разлика од чавките и гавраните кои најчесто се во јато. Се поклонувам Никола, само здравје и напред, скапаните јабуки сами ќе паднат од дрвото- сподели Јордан Митев.
Фото / Фејсбук

Слични објави

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо
Се вчитува....