24 C
Скопје
20:29 - 9 јули, 2026

(Фото) Сопругата на Сергеј Трифуновиќ се соблече во бикини, еве кој ѝ прави друштво во Занзибар

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ е во брак со Исидора Мијановиќ, која е 23 години помлада од него. Исидора е многу активна на социјалните мрежи, а сега сподели фотографии од егзотично патување.

Имено, Исидора Мијановиќ моментално е во Занзибар. И додека врне снег во Белград, таа ужива во сонцето и целиот шарм на оваа дестинација.

Исидора објави фотографија од себе во костим за капење, но и фотографија од желка, која јаде.

Да потсетиме дека Исидора неодамна зборуваше за својата љубов со Сергеј и реакцијата на нејзините родители.

– Мојот татко е смирен, сталожен човек кој е тешко да се извади од такт. Тој даде сè од себе, последниот атом од својата сила да ме повика нормално и да ме праша што има ново. Велам: „Знаеш тато, јас се мажам“. Тој кутриот ги прочитал насловите пред нашиот разговор, мислам дека го прифати тоа, но ги остави отворени опциите. Мајка ми беше… мислам, црногорска мајка, секогаш разочарана. Секогаш тоа можеше да биде подобро. Тоа беше најлошото за неа: „Претпоставувам дека знаеш што правиш“. Најлошото е кога мајка ти ќе ти го каже тоа, тоа значи дека кренала раце од тебе и сега нека те чува Бог затоа што никој друг не може – рекла Исидора со смеа додека гостувала во „Поткаст во пижами“.

Слични објави

Нов хит на Јанг Дади – По „Лидија“ сега пее за сите мајкини синови

Еспресо

(Фото) Ќерката на легендарниот Шабан Шаулиќ блесна на јахта среде Јадранот, ужива во луксузниот одмор

Еспресо

„Промената започнува во моментот кога ќе одлучиш да не се откажеш од себе“: Инспиративната приказна на Марина Петровска, велнес-консултант и ментор

Еспресо

(Фото) За Ирена Спировска најубавото зајдисонце е на Охридското Езеро

Еспресо

Вук Моб откри дека со години месечари: Искршил клавир, па поставил камери за да открие што прави додека спие

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Минимално инвазивни операции за замена на аортна валвула со користење на десен трансаксиларен пристап

Еспресо
Се вчитува....