11:10 - 30 јануари, 2026

МАТЕМАТИЧКА ГРЕШКА НА БЕЛОРУСИЈА ја чинеше Македонија победа во делот на жирито

Еден твитер-корисник забележал мала грешка во доделувањето на поените од стручното жири на Белорусија.

Колку и да се чини дека гласањето одеше беспрекорно, будните очи на евровизиските фанови веќе „уловија“ повеќе грешки, како што е и лажната неизвесност при прогласувањето на победникот.

„Анализирав сношти и мислам дека најдов како беа доделени белоруските поени“, напишал корисникот @euro_bruno во почетокот на својата нишка, алудирајќи на познатото таканаречено „гласање по блокови“, односно земјите кои се во некаков сојуз, алијанса или со слично политичко уредување, даваат слични поени на истите држави-учеснички.

„Ги разгледав другите држави од истиот блок, Ерменија, Азербејџан, Грузија и Русија и дојдов до заклучок како Белорусија ‘требаше’ да гласа. И што најдов? Со извлекување статистички просек од нив, открив дека и белоруското жири исто така влечело некаков просек.“

Овој евровизиски фан заклучува дека жирито одлучило своите „силни“ поени да ги додели на послабо пласираните, наместо како што би се очекувало.

Со тоа, како што заклучија оние кои ја проследија целосната анализа, крајниот пласман би бил поинаков, особено за Македонија.

Ако Македонија ги добиеше 10-те поени од статистичката пресметка, крајниот пласман ќе беше седмо место, додека во делот на жири-гласовите ќе беше на прво место.

Извор

БОНУС ВИДЕО:

Слични објави

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо

(Фото) Ела Дворник направи драстична промена на изгледот предизвика лавина реакции, се огласи и Северина

Еспресо

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Еспресо
Се вчитува....