11:02 - 7 ноември, 2026

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

Српскиот пејач Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина повторно го привлекоа вниманието на јавноста со заедничко интервју, во кое зборуваа за семејниот живот, љубомората и можноста да добијат уште деца.

Во разговор за српски „Блиц“, пејачот не ја криеше желбата неговото семејство да стане побројно, а со својата изјава ја изненади и сопругата.

„Моментално е хаос во домот, не може да ги пофатиме. Но, сум за проширено семејство, во секоја смисла на зборот. И уште ќе се шири“, изјави Дарко.

Катарина не одговори на неговата најава, а пејачот повторно се доближи до микрофонот и нагласи: „Уште ќе се шири“.

Сепак, најзабавниот момент од интервјуто следуваше кога разговорот се префрли на изгледот на Катарина. Додека таа стоеше покрај него во облека со изразено деколте, Дарко ја прегрнуваше и на шега се обидуваше да ја покрие.

„Ја прегрнувам за да ја загреам мојата љубов, но и да ја покријам“, рече пејачот.
„Тешко му паѓа“, се пошегува Катарина.

Дарко продолжи во истиот дух: „Па и јас гледам, и мене ми се допаѓа. Ех жено да си туѓа, што би ти правел…“

Неговата сопруга откри дека веќе забележала интересна поврзаност меѓу нејзиниот избор на облека и вниманието што го добива од него.

„Знаеш што сфатив, колку ми е поголемо деколтето, толку тој повеќе ме гушка“, рече Катарина.

Пејачот призна дека понекогаш чувствува љубомора, но и дека му годи кога неговата сопруга привлекува внимание.

„Не, туку застанувам пред неа. Не можам да кажам дека не сум малку љубоморен, сууум. Но сепак ми импонира кога ќе се појави мојата жена, па кога сите фрлаат погледи на неа и сите замолчуваат“, изјави тој.

 

View this post on Instagram

 

Дарко и Катарина имаат едно заедничко дете, додека пејачот има уште две деца од претходните врски, ќерка со поранешната сопруга Ана Севиќ и син со поранешната партнерка Марина Гагиќ.

Нивната љубовна приказна започнала многу порано, уште во младоста, но животот ги одвел во различни насоки. Катарина претходно откри дека по разводот повторно стапила во контакт со Дарко, кој, како што ѝ признал, и во периодот кога не комуницирале знаел што се случува во нејзиниот живот.

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....