04:20 - 9 ноември, 2026

Лејди Гага: Не сфатив што се случува, целото тело ми беше како камен

Познатата пејачка Лејди Гага во интервјуто за „Ел“ зборувала за своето ментално здравје, кое како што открила ѝ е нарушено поради траумите што ги добила по силувањето. Таа открила дека неодамна имала напад на паника поради што завршила на Ургентно.

„Тоа е една од најлошите работи што ми се случија. Ме однесоа на Ургентно и ми донесоа доктор, психијатар. Викав и барав да ми донесат вистински доктор. Не сфаќав што се случува бидејќи целото тело ми беше скаменето“, рекла пејачката.

Лејди Гага минатата година за првпат прозборе за силувањето што го доживеала на 19 години, како и за другите здравствени проблеми.

„Имам ПТСП и хронична болка. Болката како резултат на траумите е дел од мојот живот. На лекови сум, имам неколку доктори. Но туркам напред“, рекла тогаш Лејди Гага.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....