6.8 C
Скопје
00:33 - 27 април, 2024

Ќерката на Мајкл Џексон прозборе за своето детство: Само сакаше да бидам среќа

парис џексон

Ќерката на Мајкл Џексон прозборе за нејзината врска со нејзиниот татко додека тој бил жив.

Парис во разговор со магазинот „Rolling Stone“ рече дека кога Мајкл починал, го загубила единственото нешто што ѝ било важно во животот.

„Тој ми носеше само радост во мојот живот“, рече Парис, која на својот татко му посвети девет тетоважи на телото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by parisjackson (@parisjacksondaily___)

Парис раскажа дека тој ѝ рекол дека може да биде поголема ѕвезда од него, ако сака, но ако не сака, тоа исто така е во ред.

„Само сакам да бидеш среќна“, ѝ рекол Мајкл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝚙𝚔 (@parisjackson)

Џексон вели дека како мала таа и нејзините браќа не знаеле дека нивниот татко е голема ѕвезда.

„Навистина не знаевме кој е. Тој беше нашиот свет, а ние неговиот“, вели Парис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝚙𝚔 (@parisjackson)

Таа откри дека Мајкл бил одличен готвач и ја научил како да прави пита со сладок компир. Вели дека таа и нејзините браќа одбиле да одат на редовно училиште, бидејќи претпочитале да поминуваат време со својот татко. Но, Парис посочи дека тие не познавале многу врсници во тоа време.

„Не знаевме многу деца на наша возраст. Бевме осамени, не го напуштавме ранчот често“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by janet jackson fan (@janet_jacksonfan)

Покрај Парис, Мајкл имаше и синови, Принц Џексон и Бланкет, кој го промени своето име во Биги. Биги откри дека како дете го гледал својот татко како се подготвува за настапи.

„Беше добар танчер. Многу добар танчер. Не знам ниту да танцувам ниту да пеам“, во една прилика рече Биги.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝚙𝚔 (@parisjackson)

Да потсетиме, во филмот „Leaving Neverland“, беа изнесени обвиненија дека Мајкл злоставувал деца, што ги шокираше обожавателите на покојниот пејач ширум светот.

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....