21:53 - 8 ноември, 2026

Катарина Живковиќ се огласи по веста дека е бремена: Пејачката долго време сака да стане мајка

Српската пејачка Катарина Живковиќ се огласи по веста дека е во блажена состојба.

Наводно, ѕвездата на „Гранд“ е бремена во петтиот месец и тоа е уште една причина зошто во последно време не престанува да се смее. Таа пред неколку дена се појави на промоцијата на албумот на Мирза Селимовиќ, но од нејзината појава никогаш не би се рекло дека очекува бебе.

„Дури и врапчињата на гранката знаат дека со години го чувам мојот приватен живот подалеку од очите на јавноста и не гледам ниту една причина зошто тоа нема да остане така во иднина. Од друга страна, никогаш не сум криела дека едвај чекам да станам мајка и дека тоа е мојата најголема желба во животот. Сега можам само да ви ветам дека кога ќе се случи, нема да го кријам, туку најрадосната вест ќе ја споделам со сите вас“, изјави Живковиќ за „Курир“.

Инаку, пејачката дури неодамна призна дека е во среќна врска веќе шест години, но за партнерот не откри ништо.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....