06:38 - 31 јули, 2026

(Фото) Рада Манојловиќ има нов дечко: Снимена среде улица со мускулестиот љубовник

Рада Манојловиќ

По раскинувањето со Харис Берковиќ, пејачката Радмила Манојловиќ е повторно е вљубена. Таа сега првпат е „фатена“ со новото момче.

По бројните бурни врски кои претходно ѝ беа јавни, пејачката сега ужива со својот нов избраник, кого го крие од јавноста.

Екипата на „Папрацо лов“ ја сними Манојловиќ со ново момче, чиј идентитет засега не ѝ е познат на јавноста.

Фото: Скриншот
Фото: Скриншот

Да потсетиме, првата јавна врска ја имаше со Милан Станковиќ, а со него и денес е добра пријателка.

„Сè уште сум пријателка со него, толку помина од нашето раскинување – повеќе од 10 години. Пораснавме заедно. Бевме заедно од 2007 година. Ние не бевме компатибилни – небо и земја. Тој беше помлад, тинејџерска ѕвезда, а јас бев постара и вистинска фолкерка. Ние бевме некомпатибилна двојка за сите, но имавме психолошка врска, затоа сме уште најдобри пријатели. Нашите души се познаваат. Ние сме на иста бранова должина. На луѓето им е навистина чудно. Тоа беше една вистинска љубов. Бевме заедно пет години, живеевме 24/7. Бевме и пријатели и љубовници, но останавме пријатели до ден-денес. Не би можела да го замислам животот без него“, сподели Манојловиќ за нејзиниот поранешен дечко.

Последната врска на Манојлобиќ беше со пејачот Харис Берковиќ.

„Тоа беше нешто што досега не ми се случило, со оглед на тоа што тој е девет години помлад од мене. Кога ќе не погледнеш физички, не изгледавме така, сега си ласкам, ама баш и тој не изгледа како да има дваесет години. Физички си одговаравме, но повторно за мене беше како на филм. Романтика, авантура, море. Иако се запознавме во Белград, имавме заеднички настап на море. Морските бранови, па топлината. А хемијата? Гори. Тоа беше на прв поглед… На пример, тоа не ми се случи со Милан. Јас и Милан бевме пријатели осум месеци, речиси една година. Ова беше навистина страст на прв поглед“, кажа Манојловиќ во една прилика.

Слични објави

Поранешниот свршеник на Јована Јеремиќ денеска слави, а покрај него е и новата девојка Александра

Еспресо

Голема димензија на љубов: Сара Мејс со емотивна честитка за роденденот на синот Кирил

Еспресо

Тања Савиќ заминува во Турција на естетска операција: „Морам да соберам храброст“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Стефан Лазаров во најубавото животно поглавје — трудничките фотографии од Охрид освојуваат на прв поглед

Еспресо

(Фото) Секоја прослава е посебна приказна со декорациите на „Магични моменти“

Еспресо

Јована Јеремиќ првпат влезе во собата на покојниот татко и се расплака: „Тоа никогаш нема да си го простам“

apostolova
Се вчитува....