12:36 - 9 ноември, 2026

Каролина Гочева блесна на јубилејната насловна страница на „ПОРТРЕТ Магазин“

Нашата најпозната пејачка, Каролина Гочева, ја краси јубилејната 40. априлска насловна страница на ПОРТРЕТ Магазин. Ги издвојуваме ова спроведено интервју и фотосесијата како едни од најдобро реализираните во Републикава. Интревјуто го спроведува Тања Тодоровска Малакјан (кое навистина е интересно и инспиративно да се прочита, а Тања ги избегнува сите оние „клише“ прашања кои некако навикнавме да ги читаме поради зголемениот обем на медиумски портали со брзи вести за кликови).

На фотосесијата Каролина е облечена во креации на MANGO, организација, креативен директор и стилист е Бојана Максимовска, арт директор и графички уредник е Душан Стојковиќ, мејк ап: Доковски (Beaty Hub 202), фризура: Артевски (Beauty Hub 202), а фотографијата е дело на Горан Поповски (HLVK). Локацијата на фотосесијата е во хотелот „Водно“, што совршено се вклопува со целата атмосфера која овој тим ја генерира на високо професионално ниво. Златен аплауз за Каролина и целиот тим на ПОРТРЕТ Магазин!

Во прилог ви пренесуваме дел од атмосферата на оваа реализација, не пропуштајте ја целата приказна во тековното издание на ПОРТРЕТ (чија цена и покрај врвниот квалитет и содржини кои ги нуди, е симболична, односно списанието чини само 60 денари!)

„Стилот и печатот се создаваат низ годините, имаат влијание и од начинот на живот, луѓето кои се околу вас, музиката, книгите што ви се допаѓаат, но најмногу од карактерот и од личноста“, вели Каролина Гочева

View this post on Instagram

@portretmagazin by @hlvkbygvp ❤️

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) on

Важно е да сте свои, па макар секогаш биле облечени во потполна иста комбинација, сè е подобро од тоа да се биде нечија копија“, наведува Каролина Гочева

„Не сакам клишеа, ама убавината навистина сè помалку има врска со она што го гледаме однадвор, особено што во денешно време дури и убавината се купува“, смета Каролина Гочева

Слични објави

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо
Се вчитува....