21:51 - 7 ноември, 2026

Им оддаваат почит на легендарната група „Queen“: На едната страна е кралицата, на другата сме ние! (ВИДЕО)

Британската кралска ковачница издаде комеморативна монета со рок групата „Queen“, во чест на легендарниот пејач Фреди Меркјури и останатите членови на бендот.

– Ова е еден од тие посебни моменти во животот. Имаме кованица од нашето кралство вредна пет фунти, која ја изработи кралската ковачница – рекол гитаристот на групата Брајан Меј.

– На едната страна е The Queen (кралицата Елизабета), а на другата е групата „Queen“. Тоа никогаш порано се нема случено – додал Меј, не криејќи ја својата возбуда и радост поради оваа несекојдневна монета.

Сите британски монети и банкноти содржат ликови на монарси. 

Фото: Принтскрин

На монетата е логото на групата и инструментите кои ги свиреле членовите на бендот: Клавирот на Фреди Меркјури, „Red Special“ гитарата на Меј, Лудвиговиот тапан на Роџер Тејлор, како и Фендеровата бас гитара на Џон Дикон.

Монетата е издадена во златна и сребрена варијанта, а цената варира од 13 фунти за сребрената до 2.100 за златната верзија.

Ова е прва монета во планираната серија на „музички легенди“, објави кралската ковачница.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....