22:04 - 9 ноември, 2026

Илон Маск до вработените во „Тесла“: Вратете се во канцелариите или напуштете ја фирмата

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, им рекол на своите вработени да се вратат во канцеларија (да престанат да работат од дома) или да ја напуштат работата, објави Ројтерс, врз основа на увид во е-поштата испратена до вработените.

„Сите вработени во Тесла се очекува да поминуваат најмалку 40 часа неделно во канцеларија. Доколку не се појавите, ќе претпоставиме дека сте поднеле оставка“, пишува во мејлот.

Два извори од Тесла ја потврдија автентичноста на електронската пошта. Тесла не одговори на прашањата на Ројтерс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @elonmusk


Покрај тоа, еден од следбениците на Маск објави уште еден е-мејл на Твитер во кој Маск барал од шефовите или да работат минимум 40 часа неделно во канцеларија или да ја напуштат Тесла.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @elonmusk

Мејлот бил со наслов „Да бидам совршено јасен“. Како одговор на овој твит, Маск напишал: „Треба да се преправаат дека работат на друго место“.

Ројтерс известува дека Маск ја отворил фабриката на Тесла во Фремонт во мај 2020 година, и покрај напорите на целата земја да го намали бројот на пациенти. Во некои фабрики имало и десетици луѓе заразени во исто време.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....