22:12 - 27 ноември, 2026

Хаусер ја искоментира Прија: „Не го слушам јас тоа, но…“

Хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер го искоментира тоа што српската пејачка Александра Пријовиќ закажа пет концерти во загрепската „Арена“, каде што ќе настапи една недела по него.

Хаусер пред неколку дена одржа маестрален концерт во белградската „Арена“, а меѓу посетителите имаше и бројни српски јавни личности. Меѓу нив беше и тенисерот Новак Ѓоковиќ, кој и самиот се качи на сцената и се испроба како саксофонист.

На само неколку дена пред концертите на Александра Пријовиќ закажани во Загреб, тој исто така ќе одржи концерт во истата арена. Својот концерт го закажа за 25 ноември, а само седум дена подоцна Прија ќе ја забавува публиката пет вечери по ред.

По тој повод медиумите го прашаа што мисли за српската пејачка.

„Не ја слушам, но очигледно младите ги сакаат тие песни. Можеби ќе им дадам шанса и ќе видам што се крие во тие песни“, изјави музичарот за хрватската „Н1“.

Слични објави

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо
Се вчитува....