Новак Ѓоковиќ остави силен впечаток на хрватската новинарка Фани Стипковиќ која го оствари својот сон и направи интервју со најдобриот тенисер на планетата.
Првиот рекет во светот во моментот игра на Мастерсот во Мадрид, каде стигна до полуфиналето откако Марин Чилиќ му го предаде мечот, а токму во негов пресрет го направи интервјуто со преубавата хрватска новинарка.
Таа веднаш се пофали со интервјуто на својот Инстаграм, а колку е воодушевена од Србинот најдобро говорат зборовите кои ги напишала на заедничкаа фотографија.
„Тој не е само најдобриот тенисер на светот, тој е прекрасно човечко суштество кој го користи својот статус и слава за да пренесе порака со љубов која би требало да ја имаме едни за други и со цел со своите пораки и дела да помогне овој свет да стане подобро место. Фала ти на интервјуто Ноле, ти си навистина вистински пример за истакнат спортист и уште поквалитетна личност“, напишаа таа во коментарот на фотографијата.
Инаку оваа атрактивна блондинка стекна и светска слава кога во 2015 година беше прогласена за најсекси новинарка во светот во многу сериозна конкуренција.
Тогаш изјави дека една од желбите во работата и е да направи интервју со Владе Дивац.
Исто така, таа има голем број на фанови и следбеници и спаѓа меѓу најпосакуваните Хрватки.