01:15 - 12 ноември, 2026

Главата на популарната кукла со ликот на Лепа Брена на аукција: Почетната цена само 99 динари, а тука е и целата барбика! (ФОТО)

Пејачката Лепа Брена (59), една од најголемите југословенски ѕвезди, врвот на својата слава го доживеа во текот на осумдесеттите години од минатиот век, а тогаш ја доби и познатата барбика со нејзиниот лик, која се чини дека е популарна и денеска.

Пред 30 години започна производството на кукли со ликот на славната Лерпа Брена, кои во тој период беа значително популарни, меѓутоа и сега, по многу години, овие барбики повторно се главна атракција на еден сајт.

Еден колекционер се одлучил да продаде четири вакви барбики со ликот на пејачката, и тоа со почетна цена од 99 динари по парче.

– Лепа Брена, глави за кукли – стои во описот на фотографијата.

Фото: Принтскрин

Интересно е тоа што оваа кукла на Лепа Брена нема тело, а главата на куклата ја нема ниту косата – долга и сина, која е заштитен знак за пејачката.

Цената изнесува 99 динари по кукла, но, како што стојат работите, се уште нема заинтересирани за да ја купат. Од друга страна, има и колекционери кои се одлучиле да ја продаваат куклата на пејачката во пакет – со глава, тело, гардероба и коса.

Фото: Фејсбук

Кога Лепа Брена ја лансираше куклата со свој лик пред триесетина години, во таа прилика и откри на јавноста што ја инспирирало да се одлучи на овој потег.

– Кога бев девојче. живеев да имам фотографија од личностите кои ги сакам. Подоцна се појавија барбиките. Кога знам дека некое девојче ми пишува и ми вели дека сме најдобри пријателки, тогаш ми станува јасно дека куклите со мојот лик, пред се, им се наменети на ним – на најмалите – истакна Лепа Брена.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....