04:22 - 29 ноември, 2026

(Фото+видео) „Лута сум ви за пулсот 150“: Другарките на Миа Костова ѝ направија изненадување за 39. роденден

Поранешното телевизиско лице, а денес една од најследените Македонки на Инстаграм, Миа Костова вчера го прослави 39. роденден.

Нејзините најблиски пријатели, меѓу кои и модниот стилист Сергеј Варошлија и поп-пејачката Тамара Тодевска, ѝ приредија големо изненадување во еден познат скопски ресторан.

Тие ја пречекаа со познатата роденденска песна „Happy Birthday“, уникатна црна торта и декорации на просторот во истиот стил. Овој гест ја разнежни Костова, која не можеше да ги сокрие солзите додека ги поздравуваше сите гости на нејзината прослава.

Славеничката сподели дел од роденденската атмосфера на социјалните медиуми и се заблагодари за целата организација на нејзините блиски.

„Оваа женска маса. Фала ви од срце, но лута сум ви за пулсот 150“, напиша таа на една од своите инстаграм-стории.

(ВИДЕО) Местото каде ѕвездите „отвораат душа“: Миа Костова во „Ништо лично“

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....