13:31 - 10 ноември, 2026

(ФОТО) ТУРУНЏИЕВА СО ДОСЕГА НЕВИДЕНА ФОТОГРАФИЈА ВО СПОМЕН НА ЕСМА: Една принцеза и една кралица…

На 11 декември, пред 5 години, на 73 годишна возраст згасна животот на кралицата на ромската музика. Есма Реџепова почина по кратко боледување. Оваа вест одекна низ Македонија, но и пошироко.

Со спомен на Рецепова, нашата позната пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева на својот фејсбук – профил сподели досега невидена фотографија од Есма која по прегратка ја држи ќерката Матеа.


– Една принцеза и една кралица. Изминаа 5 години од прераното заминување на големата хуманистка, ненадминливо пеачко чудо, мајка на многу деца кои за жал не ги имаше родено кралица на ромската песна Есма Реџепова Теодосиевска… Почивај во мир Голема Жено, почивај во мир Кралице, стои во описот на објавата на Сузана која ја сподели на својот фејсбук – профил.


Кралицата на ромската музика неуморно работеше и пееше додека не испушти здив. Есма сними и објави повеќе од 580 песни, меѓу кои и две платина и осум златни дискови. Одржа повеќе од 22.000 концерти, од кои една третина се одржаа за добротворни цели. Со Ансамблот Теодосиевски сними 108 синглови, 32 компактни касети, 15 дискови, шест видеокасети и бројни телевизиски емисии.


Реџепова најмногу пееше на ромски и македонски јазик, но исто така сними песни на српскохрватски, турски, хебрејски, грчки и хинди. Реџеповите песни често зборуваат за љубовта, тагата и бракот. Една од нејзините најпознати песни наречена Чаје Шукарие стана химна за сите Роми насекаде низ светот.

Слични објави

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.
Се вчитува....