30.8 C
Скопје
11:23 - 20 август, 2026

(Фото) Тони Цетински за Тоше: Тешки се овие 16 години без тебе

Тоше Проески и Тони Цетински

Хрватскиот пејач Тони Цетински беше близок соработник, но и пријател, со нашата најголема ѕвезда – Тоше Проески.

Денеска се навршуваат 16 години од вечното заминување на „македонскиот славеј“, па по тој повод Цетински објави емотивна објава за својот драг, како што го нарече тој, братко.

„Драг братко,

Ова се тешки времиња, но не смееме да се предадеме бидејќи ништо не е толку тешко како овие 16 години без тебе.

Денешниот ден е толку тежок што ми е мачно. И, така, секој пат кога се присетуваме на тоа кобно утро откако те нема.

Од денот кога си замина, за нас што те сакавме, визијата за совршен свет исчезна преку ноќ.

Живееме, сакаме, работиме, но ништо не е исто без тебе, мој Тоше. Ништо.

Со тебе, полесно ги поминувавме и тешките мигови. Сѐ беше полесно и сѐ беше возможно.

Знам дека си тука некаде и бдееш над нас, но ни недостасува твојата физичка присутност и твојата насмевка, како и твојот говор и глас. Твојот благ поглед и таа твоја детска игривост во тело на возрасен човек, кој има разбирање за сите.

Често помислувам на тоа дека не можам повеќе, но во истата секунда добивам твој знак. Или ќе слушнам некоја твоја песна или некој ќе ми испрати порака во врска со тебе, која охрабрува и ми дава сила да се подигнам и да тргнам понатаму.

Братко мој, никогаш нема да можеме доволно да ти се заблагодариме и никогаш нема да те прежалиме.

Тажна е секоја годишнина од твоето заминување, тажен е секој ден и секој момент, но мораме да продолжиме да живееме со надеж дека повторно ќе се сретнеме.

Засекогаш твои. Потпишуваме“, напиша Цетински на својот инстаграм-профил.

Како потсетување, Тоше Проески загина на 16 октомври 2007, во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб — Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години.

Тегобни 16 години од смртта на Тоше Проески: Сакал да биде лекар, но музиката „пресуди“

Слични објави

Нивната љубов немаше сценарио: Драган Николиќ и Милена Дравиќ се сакаа до последниот ден

Еспресо

(Фото) Згодната Туна Сејди се јави од Занзибар: „Рајот започнува тогаш кога ќе престанеш да брзаш“

Еспресо

Маја Шупут на одмор во Грција – пејачката позираше покрај базен во минијатурно бикини

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 август: Внимателно изберете со кого ќе го поминете времето

apostolova

(Видео) „Пукна тиквата“: Девојката му раскина на Душко Тошиќ поради роденденот на Јелена Карлеуша

Еспресо

35 години „Косоока“: Дарио среде Куманово го запеа хитот кој не старее

Еспресо
Се вчитува....