15.8 C
Скопје
20:33 - 19 октомври, 2026

(Фото) Ситница од 300 евра: Владо Георгиев за 48. роденден доби специјален подарок од сопругата

Пејачот Владо Георгиев го прослави 48-от роденден, а изненадувањето што му го приредила сопругата, но и специјалниот подарок што го добил, ги покажа на социјалните мрежи.

Имено, Милица, која е 15 години помлада од него, го изненадила пејачот во семејниот дом, со мини колачи и специјална свеќа.

Покрај малите колачи, Георгиев како љубител на никотинскиот чад, добил и специјален подарок – запалка чија цена е 300 евра.

Георгиев по повод роденденот и прославата, се огласи на мрежите, па напиша емотивна порака и го спомна и семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vlado Georgiev (@vladogeorgiev)


„Драги мои, еве 48 години од мојот живот и 10 години опстанок на нашето семејство, трпение, љубов и недоразбирање на дневно ниво. Претпоставувам дека од тоа животот и се состои, лично јас не сум љубител на секојдневието и монотони, а талку беспрекорни и бескрајно здодевни денови. Како екстремен и перфекционист, сакам динамика во сè, дури и во животот. Чувајте се од рамна линија, може да ве заспие додека животот тече паралелно. Ви посакувам на сите сè најдобро во животот, ви посакувам семејство и деца, мир, љубов и уште долго да пееме заедно и не заборавајте дека основата на сè е исто како и во музиката – хармонијата… Најубавите мелодии се изградени на убава хармонија и сето тоа заедно сочинува една композиција или песна. А песната е живот, песната е сè… На здравје и.. само „ИСКРЕНО“ Ве сака вашиот Владо“, напишал тој.

 

Слични објави

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо
Се вчитува....