17.8 C
Скопје
18:53 - 18 октомври, 2026

ФОТО: Разделените заби ѝ беа заштитен знак, а сега откри како ги криела на почетокот на кариерата

Насмевката со разделени заби стана заштитен знак за денес 77-годишната американска манекенка и актерка Лорен Хатон. Откако потпишала доста профитабилен моделинг договор на свои 22 години и било кажано дека мора да ги поправи своите разделени заби, но таа не го направила тоа.

Фото: Профимедиа

„Поради желбата на луѓето од модната индустрија се сложив да направам се што се бараше од мене“, изјави легендарната актерка и манекенка во своето ново интервју за модната библија „Вог“, чија насловна страна за време на кариерата ја красеше дури 40 пати.

Фото: Профимедиа

Наместо да посети забар, Хатон со својата култна насмевка одлучила сама да се позанимава. Како што откри во новото интервју, пред снимањето на модните едиторијали таа растојанието меѓу забите го пополнувала со парче многу мек восок, а потоа со нож за путер ја правела цртата меѓу забите.

Иако луѓето од модната индустрија и сугерирале да поработи на својата насмевка, нејзините препознатливи разделени заби не и ја уништувале кариерата, па така таа во 1974 година потпишала историски договор вреден милион долари со козметичкиот гигант „Ревлон“, а насловната страна на американското издание од магазинот „Вог“ ја красела 27 пати.

Фото: Профимедиа

Иако се наоѓа на праг од осмата деценија од животот, Хатон и денес може да се пофали со бројни модни ангажмани. Во 2017 година таа влезе во историјата како најстарата дама на насловната страна на магазинот „Вог“, а во последните години со својата појава ги збогати ревиите на брендовите како „Том Форд“, „Валентино“, „Ботега Венета“…

Фото: Профимедиа

Своето грациозно стареење таа му го препишува на пилатесот и добрата рутина за нега на кожата. Хранливите состојќи кои ги става на лицето, во вид на различни природни маски и помагаат да изгледа одлично.

Фото: Профимедиа

Слични објави

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.
Се вчитува....