07:13 - 10 ноември, 2026

(ФОТО) ОВА СЕ ВНУЦИТЕ НА КИЛИ: Аниш Круз живее во Санта Елена на Еквадор, а Каи во Скопје!

Актерот Кирил Поп Христов, познат на македонската јавност и само како Кили е горд дедо на две внучиња. Постарот внук актерот го доби од својата помала ќерка Јоана.

Преслаткиот Аниш Круз Родригез Деан за некој месец ќе полни три години. Последното презиме на внукот е од мајката на Јоана, познатата македонска кореографка и професорка по современ танц, Гордана Деан Поп-Христова.



Јоана е во брак со Родригез Сориа Хосе Луис, а малиот Аниш Круз е плод на нивната љубов. Јоана остана да живее во Еквадор, заедно со своето семејство и семејството на својот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Dean G (@ninadean)


Сестрата на Јоана, актерката Нина Деан, неодамна стана мајка и заедно со својот партнер го добија своето прво дете. Нина мината година ја прифати понудата за брак од својот партнер Мартин Ивановски со кого беше неколку години во врска, а малечкиот Каи кој овој месец ќе полни две години е плод на таа љубов.

Кили и Гордана се горди баба и дедо на своите внуци.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....