23:56 - 7 ноември, 2026

(Видео) Милан Калиниќ по разводот замина од Србија: Водителот се огласи по крахот на бракот, еве како го поминува времето без Сандра

Српскиот водител и актер Милан Калиниќ се разведе од сопругата Сандра, а по распадот на бракот сега ја напушти и Србија, пишуваат српските портали.

Имено, тој на својот инстаграм-профил се огласи со видео од плажа во Норвешка. Милан ја снимал песочната плажа и морето, па покажал како ужива.

Инаку, Милан и Сандра Калиниќ беа во брак 18 години и важеа за еден од најскладните парови на српската јавна сцена, така што веста за нивниот развод ги изненади сите.

Од долгогодишниот брак тие добија две деца, син и ќерка, кои останаа со мајка им да живеат во семејниот стан, додека Милан наводно се преселил кај својата мајка Боба.

Да потсетиме, како што напишаа српските медиуми, поранешните сопружници пред неколку месеци ги потпишале документите за развод.

Калиниќ во една прилика зборувал за воспитувањето на децата, а тогаш истакнал дека неговата поранешна сопруга е строга, додека тој е попустлив кон децата.

– Дали сум строг родител? Па, зависи. Сериозно се занимавам со децата, а тоа подразбира и строгост кога е потребно и нежност и љубов. Сопругата е построга, дефинитивно. Некој секогаш мора да биде „лош полицаец“. Не ми се важни оценките, важно ми е децата да пораснат во чесни луѓе, коректни личности. Знаењето доаѓа… – изјавил во таа прилика Милан.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....