23:45 - 7 ноември, 2026

(Фото) Милош Биковиќ првпат го покажа синот: Актерот ужива со малиот Василије покрај базенот

Српскиот актер Милош Биковиќ пред неколку месеци за првпат се оствари во улогата на родител, а сега на својот инстаграм-профил ја објави првата фотографија со синот.

Неговата свршеница Ивана Малиќ на 9 јануари годинава роди момче, на кого му го дадоа името Василијe. Милош по повод раѓањето на своето прво дете организираше прослава во еден локал во Белград, каде прославата траеше до утринските часови.

Иако Ивана на социјалните мрежи често споделува фотографии со синот, но и детали од животот, Милош малку повеќе ја чува приватноста на своето семејство, па дури пред неколку дена ја објави првата фотографија со синот..

Дека сите воодушевено реагираа на оваа фотографија на Милош со неговиот син, зборуваат и коментарите под нивната заедничка фотографија, која ги топи и најтврдите срца.

„Колку слатко мало момче“, „Прекрасна глетка“, „Многу сте убави“, беа само дел од коментарите.

Секако, Милош и овој пат беше духовит, па насмеа многумина со описот под фотографијата.

„Денеска во Русија се одбележува Денот на татковците . (Тој долу на фотографијата е татко на оној горе)“, напишал Биковиќ покрај фотографијата со својот син.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....