9.8 C
Скопје
00:47 - 29 септември, 2026

(ФОТО) МИА КОСТОВА: Шшшш… влегов во мол, во „Ист гејт“

Костова, вчера, за прв пат го посети „Ист гејт мол“, а целата прошетка низ молот ја сподели со своите следбеници.

Познатата некогашна водителка и инфлуенсерка Миа Костова отсекогаш важела за личност која нема проблем да сподели приватни и интимни детали од сопствениот живот.

Несомнено е дека Миа има своја „армија“ од следбеници кои љубопитно го следат нејзиното секојдневние, но поради веќе препознатливата брутална искреност за секојдневни теми, од јавниот како и од приватниот живот ги доби симпатиите на нејзините фанови на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Со почетокот на пандемијата Миа преку својот инстаграм – профил активно зборува за тоа како таа  живее и се справува со пандемијата и сите предизвици кои „новото нормално“ ни ги донесе во животите. Крајот на октомври, мината година, Миа ги информираше своите следбеници преку социјалните мрежи дека е позитивна на ковид-19.

Кога започна масовната вакцинација во нашата земја Миа стана уште погласна одбивајќи да се вакцинира со изборот од понудените вакцини.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

По стапувањето на сила на новите мерки и ограничувањата за невакцинираните граѓани Костова се обрати повторно до своите следбеници дека нема да се служи со лажни сертификати за вакцинација.

Со отварањето на еден од најголемите трговски центри во регионот – „Ист гејт мол“, голем број наши истакнати инфлуенсери ги преплавија социјалните мрежи од свеченото отварање.

Веројатно, фановите на Миа очекуваа и таа да биде дел од свеченото отварање, но поради ограничувањата за невакцинираните граѓани таа сепак мораше да остане дома, но тоа не ја спречи да најде начин да го посети новоотворениот трговски центар.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Преку инстаграм – стори Миа пред своите бројни следбеници изјави дека ќе најде начин и да го посети „Ист гејт мол“ со склучување на договор како вработена или соработник, а не со лажен сертификат.

Костова, вчера, за прв пат го посети „Ист гејт мол“, а целата прошетка низ молот ја сподели со своите следбеници.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

– Шшшш… влегов во мол, во „Ист гејт“ мол. Ви ветив дека ќе ве донесам во „Ист гејт“ за да ви покажам каде јас едвај чекам да влезам и тоа ќе го направиме во следните триесет минути. Се си е регуларно, ич да не ме мислите.. ова е само за инстаграм – стори чисто да видиме колку ќе се споделат, шала на страна многу ми е драго што постои вакво место во Скопје, изјави Миа преку објавите на својот инстаграм – профил по што инфлуенсерката продолжи да ги посетува омилените бутици во молот како и продажните локали на брендовите со кои соработува.

МИА КОСТОВА РЕВОЛТИРАНА: Ќе се вработам во „Ист Гејт“ и ќе влегувам во молот, лажен сертификат не користам

 

 

Слични објави

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.
Се вчитува....