15:34 - 10 февруари, 2026

(ФОТО) Ким Кардашијан го копираше изгледот на Моника Белучи: Фановите со бурни реакции; „Изгледа како кловн и аниматор во циркус“

Ким Кардашијан неодамна на Мет Гала се појави облечена во фустанот од пет милиони долари што го носеше Мерлин Монро, златната дива на Холивуд, а овој пат ријалити ѕвездата реши да го пресоздаде изданието на уште една позната убавица – Моника Белучи.

Ким на својот инстаграм – профил сподели серија фотографии на кои позира во необично, сензуално издание, иако закопчано од глава до пети, на кое веќе ја видовме славната Италијанка пред три децении, пренесува „Блиц Жена“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)


Имено, ријалити ѕвездата ги покажа своите бујни облини и тенок струк во винтиџ бордо плишан корсет, кој доаѓа во комплет со предимензиониран кардиган. Под корсетот носеше и црно здолниште и црни ликра хеланки, а изданието го комплетираше со стилизираната коса во лежерна пунџа.

Станува збор за креација на брендот „Dolce & Gabbana“, а интересно е што Моника Белучи за прв пат му ја покажа на светот на ревијата на оваа италијанска куќа, далечната 1991 година. Познатата Италијанка, тогаш имаше само 27 години, овој корсет го носеше токму на ист начин како и денес Ким, а старлетата дури и ја „симна“ фризурата на Моника.

Фото: Принтскрин / Instagram

Очекувано, ова предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, но и поделени мислења:

„Кога некој ќе и забрани вака да ги валка имињата на жените“, „Јас да сум Моника ќе ја тужев“, „Ова е срамота“, „Зошто мисли дека е лига на Моника“, „Изгледа како кловн и аниматор во циркус“, „Ова е сквернавење на жена како Белучи“, „Дали Моника сега седи и плаче? Затоа што ќе плачев ако некој ме понижи вака“, се само дел од коментарите кои ги разбрануваа социјалните мрежи

Слични објави

Бобан Рајовиќ ѝ честиташе принова на погрешната Милица, симпатичната забуна ја насмеа јавноста

Еспресо

Рада Манојловиќ проговори за пластичните операции: Ја откри тајната за витката линија!

Еспресо

Карлеуша искрено за своето прво сексуално искуство: „Беше ужасно“

Еспресо

Се запали куќата на позната српска пејачка: Претходно ѝ беше запален автомобилот, со години трпи терор

Еспресо

По киднапирањето на Кајмакоски и бомбата врз куќата на Чолиќ, српските јавни личности стравуваат за својата безбедност

Еспресо

„Сите знаевме за нивната афера“: Нови детали за шокантната врска меѓу Милица Тодоровиќ и оженетиот партнер

Еспресо
Се вчитува....