23:27 - 27 ноември, 2026

ФОТО | Катарина Ивановска го прослави 33-от роденден: Манекенката доби честитки од Тамара, Панчо, Перо Антиќ

Нашата позната манекенка, Катарина Ивановска денес го прослави својот 33-ти роденден. За разлика од претходните роденденски прослави, овој пат беше малку поинаку.

Фото: Принтскрин/Instagram

Наместо дискотека и бројни пријатели, Катарина според последните фотографии кои ги сподели со своите фанови ужива во прекрасниот словенечки град Пиран.

Фото: Принтскрин/Instagram

Својата кариера како манекенка ја започнала во 2004 година на Миланската модна недела по освојувањето на „Look Models International“ кастингот за модели во Македонија. Во декември 2004 се појавила во едиторијал за магазинот „Elle“, а исто така се има појавено и во „Citizen K“, „Stiletto“ и италијанското и руското издание на „Vogue“.

Фото: Принтскрин/Instagram

Се има појавено на насловните страни на магазините „Diva“ и „Máxima“, и во реклами за „D&G“ во 2006. Во 2010, Ивановска се појавила во српскиот магазин „Elle“. Во 2011 потпишала договор за рекламирање на продуктите на „Викторија Сикрет“.

Фото: Принтскрин/Instagram

Катарина на својот инстаграм – профил од нејзините колеги, соработници како и бројните фанови доби роденденски пораки со најубави желби.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....