7.8 C
Скопје
23:04 - 31 март, 2026

(ФОТО) ИГОР ЏАМБАЗОВ со НОСТАЛГИЧНА ОБЈАВА од која произлезе песна: Си бев шеќерче јас, првенец на АЦО и АНЧЕ. Па бев Трајче на коњ!

Instagram

Игор Џамбазов на социјалните мрежи често споделува убави приказни обременети од носталгија, со кои може да се поврземе скоро сите. Што се однесува до почетоците во глумата, неговата примарна професија, започнал на шестгодишна возраст кога глумел во филмот „Македонскиот дел од пеколот“, во режија на Ватрослав Мимица. Во текот на детството, во тинејџерскиот период, па сè до запишувањето на Академијата за драмски уметности, тој е присутен во различни емисии и серии.

Шоуменот сега нè врати во далечната 1975 година кога ја играл улогата на Трајче во филмот кој се заснова на истоимената книга „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески. Во филмот играл една ог главните улоги заедно со легендарниот глумец Ристо Шишков.

Овој пат на профилот на Игор се најде една од бројните насловни страници на естрадната ревија „Екран“, со фотографии од снимањето на филмот „Волшебното самарче“. Насловната ја красат фотографии од Игор како главен лик во филмот.

„Си бев шеќерче јас, првенец на Ацо и Анче. Па бев Трајче на коњ, малечкото партизанче. И бев ѕвезда во скок, во Драмски бев како во гето, и не, не излегов јас од бифето… Првата строфа од мојата верзија на My way“ – стои во описот на објавата.

„Екран“ најпрвин почна да излегува како подлисток, или поточно, неделен додаток на дневниот весник „Нова Македонија“, за подоцна да прерасне во самостојно издание.

„Тоа беше престиж, да си на насловна на „Екран“. Јас сум бил скоро дваесет пати и секогаш по малце сум се подмочнувал во гаќи од среќа“ – напиша Игор во една од неговите дамнешни објави споделувајќи насловна со неговата мајка, актерката Анче Џамбазова и неговиот дедо, актерот Петре Прличко.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....