22.8 C
Скопје
22:44 - 8 септември, 2026

ДЕМИ МУР со посебни желби до БРУС ВИЛИС: И не само со својот екс сопруг, глумицата е блиска и со жена му

Официјално разделени, но сепак обединети во многу силна врска. Деми Мур и Брус Вилис некогаш беа еден од најомилените парови во Холивуд. Денес тие се двајца се „бивши во совршена хармонија“, сè уште сакани од обожавателите. Затоа што, и покрај тоа што нивните животи тргнале во различни насоки, тие сè уште се многу блиски. Имаат искрена и длабока врска, и заедничка силна љубов кон своите ќерки. За тоа сведочи и објавата на Инстаграм која актерката ја посвети на својот поранешен сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

„Среќен роденден Брус! Благодарна за нашето мешано семејство“, напиша актерката споделувајќи фотографија со нејзиниот поранешен сопруг.

Двајцата се венчаа во 1987 година и имаа три ќерки: Румер, Скаут и Талула. Со години тие беа еден од златните холивудски парови: убави, славни, на кои многумина им завидуваат. Потоа, дојде разделбата во 2000 година.

По нивната разделба, Деми Мур се омажи за Ештон Качер од кој се разведе во 2013 година. Брус Вилис, пак, се ожени со манекенката Ема Хеминг во 2009 година, со која имаше уште две ќерки.

Односите меѓу двајцата бивши, сепак, отсекогаш останале добри: тие се секогаш тука еден за друг, а на социјалните мрежи сакаат да споделуваат фотографии кои сè уште ги провоцираат фановите да сонуваат. Дури и самата Ема ја коментираше објавата на Деми со низа емотикони од срце, покажувајќи дека постои и убава врска меѓу двете жени. Не случајно пристигнаа бројни коментарите од следбениците на постот на актерката со добри желби: „Ти си модел за мешано семејство“.

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....