20:58 - 31 октомври, 2026

ДАЛИ СТЕ МЕТЕОРОПАТ? Постојат специфични симптоми кои покажуваат дека го имате овој проблем

Многумина деновиве се „декларираат“ како метеоропати бидејќи се чувствуваат лошо поради променливото време. Сепак, постојат специфични симптоми кои покажуваат дека го имате овој проблем.

Метеоропатијата е опишана како „болест на лошо време“, затоа што луѓето, дури и оние кои се целосно здрави, чувствуваат одредени здравствени проблеми кога се менуваат еден или повеќе метеоролошки фактори (температура и влажност, ветер, атмосферски притисок…). Симптомите се ментални и физички, а се јавуваат како резултат на недоволната способност на нашето тело да се прилагоди на новите временски услови.

Менталните симптоми се рефлектираат преку промени во расположението, замор, поспаност, слаба концентрација, несоница, нервоза.

Физички симптоми вклучуваат главоболки, болки во зглобовите, гадење, болка во мускулите или во областа на некои рани и повреди кои се санирани, физичка слабост, хипертензија, респираторни проблеми.

Симптомите на метеоропатија се појавуваат 24 – 48 часа пред промена на времето и тие се намалуваат кога навистина се случуваат метеоролошките промени.

Кај млади и здрави луѓе, метеоролошките проблеми се лесни и скоро незабележливи, додека кај постари и хронични пациенти тие можат да бидат толку изразени што бараат посебен третман.

Слични објави

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.

(Видео) Жаре од „Еден на еден“ се присети на Тоше Проески: „Таква енергија не можеш да опишеш со зборови“

К.С.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ со својот син наскоро пристигнуваат во Србија – во семејството се подготвува голема прослава

Еспресо

Балкански музички ѕвезди кои трагично ги загубија животите во сообраќајни несреќи

Е.А.

Сестрата на Тоше Проески, Дора, сподели емотивно видео од Тоше со татко му Никола

Еспресо

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.
Се вчитува....