23.8 C
Скопје
14:51 - 29 септември, 2026

(Фото) Две џакузи, базен, соба за масажа: Цеца ужива во оваа вила од 400 квадратни метри на Кипар! Соседите ѝ се тешки богаташи 

Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ поседува луксузна вила на Кипар веднаш до морето, каде често ги полни батериите меѓу деловните обврски. Пејачката летово отиде со својата сестра Лидија, кумите и пријателите.

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v80), quality = 100

На горниот кат од вилата на пејачката ќе има помал базен, две џакузи и соба за масажа.

Куќата од 400 метри квадратни се наоѓа веднаш до морскиот брег во Аја Напа, а во дворот има огромен базен, во кој уживаат членовите на семејството Ражнатовиќ и нивните пријатели.

– Сакав нешто егзотично, убаво и да бидам токму на брегот. Мојот пријател Фотос ми донесе фотографии од оваа моја вила и знаев дека тоа е тоа. Веднаш подигнав заем. Да, куќата ја купив на кредит, кој нормално месечно го отплаќам – изјавила Цеца во една прилика во емисијата „Амиџи шоу“.

Пејачката со години оди во оваа островска земја, многу и се допаднала тамошната средина и се дружела, а таму се школувале и нејзините деца.

– Имам соседи од Кипар, Иран и Русија со кои имам одлични односи. Тоа се остварени луѓе на кои мојата слава во Србија не им значи ништо. Летото во Аја Напа е прекрасно и сакам да одам таму кога ќе залади во Србија. Мирот што го имам во втората куќа ми е драгоцен – изјави претходно Цеца.

Слични објави

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо
Се вчитува....