08:21 - 7 ноември, 2026

(Фото) Дани по свадбата замина од Скопје, ужива на ова специјално место

Дани Димитровска, по свадбата која се случи во саботата со нејзиниот сакан Горан Веселиновски- Весел кој е поранешен кошаркар, замина од Скопје да се одмори на едно убаво место.

На најважниот ден од нејзинит живот, пејачката блесна во две уникатни венчаници во нејзин стил. На свадбата која повеќе беше како забава пееше нејзиниот колега Ѓоко Танески, со поп и рок хитови.

Она што е најемотивен дел е танцот на невестата со една важна личност, а тоа е нејзиниот син Лазар. Еден од пријателите објавил слика од Дани како танцува со синот.

Дани инаку одржа концерт само еден ден пред свадбата, а за да се одмори од сите настани, таа замина на чист воздух, во Маврово, и објави слики од таму. Пејачката на сторињата на Инстаграм порача дека треба да уживаме во малите нешта.

Фото/ Инстаграм

Весел ја запроси Дани во јуни минатата година, а пејачката тогаш со голема радост ја објави фотографијата на Инстаграм, гордо покажувајќи го свршеничкиот прстен.

Фото/ Инсаграм

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....