08:21 - 7 ноември, 2026

(Видео) Градите – никогаш поголеми! Ќерката на Харис Џиновиќ го покажа бујното деколте

Џина Џиновиќ секако ја интригира јавноста, а нашироко се зборува и се пишува за нејзината промена на изгледот. Ќерката на пејачот Харис Џиновиќ и модната креаторка Мелина Џиновиќ го сподели на социјалните мрежи своето ново издание, а во преден план беа нејзините бујни облини.

Џина ги сними големите гради и тесниот струк, додека под тесната блуза ѝ се проѕираше долната облека.

Инаку, мајката на Џина, Мелина, моментално живее во Монте Карло. Таа престојува на една од најскапите локации, на само неколку стотици метри од познатото казино „Монте Карло“.

Како што пишуваат домашните медиуми, станува збор за стан од неколку десетици милиони евра во зграда со специфична архитектура, која од една страна има поглед на главната улица, а од друга на морето.

Една од првите соседки на Мелина е Србинка која изнесе тврдења за новото момче на модната креаторка.

„Овој стан во кој сега е Мелина не е нејзин, туку е во сопственост на нејзиното момче. Тој го поседува овој имот неколку години. Познат е на пошироката јавност во Србија, но не би зборувала за тоа. Вистина е дека е милионер, а е постар од Мелина скоро 20 години. Жената дефинитивно сака постари мажи, тоа ѝ е фетиш. Тој навистина се затрескал во неа и се труди да ѝ угоди во сè. Многу се дискретни, ретко излегуваат заедно оттука. Нивниот стан е еден од најубавите во зградата, имаат фантастичен поглед на главниот булевар, но и на морето. Човекот е многу галантен, тој преку своите врски ѝ го среди отворањето на бутик во една концептуална продавница, каде што ги продава своите фустани. Мелина инсистираше и таму да почне да се занимава со продажба на тие фустани, за да не изгледа како само да седи во Монте Карло и ништо да не работи, само да троши пари“, тврди сосетка на Мелина Џиновиќ за „Курир“.

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....